СДСМ го честита денот на македонската државност

Земја на насмеани луѓе, спокојни за својата егзистенција, во слободна држава што им гарантира мир, стабилност, безбедност, еднаквост меѓу развиените демократии во ЕУ и НАТО–со ваква надеж го дочекуваме и годинешниот 8 септември, ден на државноста.

 

Секоја следна година, по историската 1991, го исправа пред нас 8 септември потсетувајки `не на причините поради кои треба да се гордееме како земја, но и на обврските што ги презедовме кога ја донесовме одлуката за самостојна Република Македонија.

 

 Пред 22 години Македонија покажа зрелост за независна и суверена држава.

 Низ годините, минавме низ големи искушенија, внатрешни и надворешни, но решително опстојувајки на визијата за своја држава, заеднички, успејавме да формираме функционални институции и достојно да ја етаблираме земјата во светот.

 Сепак, денес, овој значаен датум, од нас бара нова сила за предизвиците што веќе подолго време стојат на патот на нашата иднина.

 И повторно, тоа што ни е потребно е единство, но и верба дека демократските форми на решавање на проблемите, се единствен начин да се постигнат посакуваните цели.

 Аманетот на нашите претци и оние кои го дале животот за земјата нека биде мотив за чувањето и развивањето на Македонија во слободно и современо општество.

 Нека ни е честит 8 септември, денот на македонската државност!

Интегрален текст.

 

 

 

                         

08.09.2013 - 12:33

најчитано сега