СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, нема толеранција за закани со фашистички наратив

На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици, стои во реакцијата на СДСМ.

„СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти.

Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. 

Правда доаѓа за сите.

Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз.

СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни. 

Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани.

Смрт на фашизмот, слобода на народот“, велат од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега