Министерот Игор Филков нека не се прави како да не е од тука.Тој е дел од циркусот, од режираното сценарио на криминалната власт и диловите на ВМРО со ДУИ. Филков многу добро знае:  За договореното сценарио за враќање на Груби. Вака реагираат од СДСМ во писмено соопштение испратено до медиумите.

„За дилот меѓу ВМРО и ДУИ кое се реализира пред очите на јавноста.

За контролата врз судството и обвинителството од страна на нивната тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ.

За менувањето на јавниот обвинител за да се инсталира нов под контрола на власта. 

За сопругата на екс градоначалник на ВМРО која ја назначија за член на Судскиот совет.

За советникот на Мицкоски кој беше избран во Уставниот суд.

Знае и дека шефот на Обвинителот кој побара куќен притвор за Груби беше избран на оваа функција во Скопското јавно обвинителство пред еден месец. 

Знае и дека МВР, раководено од Панче Тошковски и АНБ раководена од Бојан Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

Филков, Тошковски, Христовски сите се во служба на ВМРО-ОКГ и на крими државата и тоа на сите им е јасно.

Кога обивнителството и судството ќе бидат ослободени сите ќе одговараат!“, велат од СДСМ.

Exit mobile version