СДСМ: ЕК констатира напредок во сите области и ја оценува Македонија како најдобра во регионот

 

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

„Наместо да се обидуваат да манипулираат со јавноста, во ВМРО-ДПМНЕ треба да се информираат и добро да го прочитаат Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

Таму ќе видат дека Европската комисија го констатира напредокот во сите области. Извештајот на ЕК дава кристално чиста препорака за Македонија, а Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи.

Му се допаѓало на ВМРО-ДПМНЕ или не, Македонија е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од целиот демократски свет и земјите членки на Европската унија. Македонија тргна напред и тоа е признаено од сите, освен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да навива за неуспех на Македонија и преку невистини да се обидува да манипулира со јавноста, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за грабежите и поделбите што ги правеше цели 11 години, а потоа да преземе одговороност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред.

Времето на неуспеси за Македонија заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт. Македонија тргна напред и враќање назад нема“ се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

27.05.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа