Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе биде објавено новото партиско раководство. Ова доаѓа откако, на негово барање, целото досегашно раководство поднесе оставка на почетокот на декември.

Филипче вчера, во изјава за централниот дневник на „Сител“, потврди дека списокот со имиња е веќе подготвен и дека тоа ќе претставува спој на искуство и нова енергија.

„Тука ќе се избере новото партиско раководство – новите потпретседатели и новите членови на Извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри“, изјави Филипче.

Тој додаде дека целта е отворање на широк фронт со граѓаните, политичките чинители и граѓанскиот сектор, со цел да се стави крај на, како што ја нарече, „криминалната власт“.

Потсетуваме, на 2 декември, целото раководство на СДСМ поднесе колективна оставка. Тогаш од партијата соопштија:

„Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.“

Exit mobile version