СДСМ до ВМРО: За вас е најважна одбраната на криминалот

Одбрана на криминалот е најважно нешто за ВМРО-ДПМНЕ, не знаат што е право и правда, се вели денеска во реакцијата на СДСм која ви ја пренесуваме интегрално.

 ВМРО-ДПМНЕ беше и остана во одбрана на криминалот, против правдата и против напредокот на државата.

 

 ВМРО-ДПМНЕ покажа дека одбрана на криминалот, одбрана на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е најважно.

 

Функционирање на правото и правната држава, разоткривање и решавање на случаи со високо ниво на корупција , не им одговара на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа се против СЈО како посебно обвинителство затоа се против новиот Закон за јавно обвинителство.

 ВМРО-ДПМНЕ не сака независно и професионално обвинителство,    затоа е и против реформите. Па , наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст за Јавното обвинителство, тие поднесуваат некакви лажни принципи.

 

 СЈО мора да продолжи како посебно обвинителство ,а новиот закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение кое е во интерес на државата и граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2019 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега