СДСМ до Силјановска: Не го осудивте насилството, се срамите ли што го продолжувате Груевски

Силјановска која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, денеска е вознемирена од правдата, реагираат денеска од СДСМ.

 Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април денеска соопшти дека чуствува вознемиреност од тоа што конечно профункционира правната држава и што се расчистува еден од најтрагичните настани во поновата македонска историја.

 

 Наместо да се крие зад задоцнети евтини политички изјави Силјановска треба да одговори:

 

 Дали како професор по правни науки не смета дека на 27 април  брутално беше нападната демократијата?

 

 Дали на 27 април во собранието имаше обиди за убиство?

 

 И дали се срами што е поддржана од политичка структура која има крвави раце?

 

 Лицемерно е Силјановска да зборува за селективна правда кога зад неа стои партијата која е симбол за селективност, партизација и притисоци врз судството и обвинителството.

 

 Очигледно е дека Силјановска исто како и Мицкоски го брани насилството и останува посветена на матрицата на Никола Груевски, матрица на насилство, криминал и конфликти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега