СДСМ: Да ги почитуваме препораките за заштита, заеднички да им помогне на здравствените работници

  

 

Македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата со коронавирусот. Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола, велат од СДСМ.

 Според партијата, бројот на активни случаи е стабилизиран.

 -Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова. Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем. Но, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или не се пронајде вакцина, се вели во соопштението од СДСМ.

 Според владејачката партија, тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално

 -Треба да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме и затоа  е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, многу е важно: да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме; да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата и  редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете со сапун, се вели во соопштението.

 СДСМ посочува дека секој од нас треба да им помогне на здравствените работници со почитување на мерките за заштита, односно секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

 -Со тоа ќе помогнеме и во подготовката за новиот пик на коронавирусот кој според препораките на СЗО се очекува после есента. За да се намалуваат ограничувањата, ние мора да ја зголемиме внимателноста. Со почитување на мерките за заштита го чуваме личното здравје, здравјето на нашите деца, на нашите родители, баби и дедовци, здравјето на сите сограѓани, се вели во соопштението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега