СДСМ: Чесно и одговорно работиме - над 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари

Политиките на СДСМ за раст на платите во сите сектори даваат реални, видливи резултати. Ова денеска преку соопштение до јавноста го велат СДСМ.

- Преку постојаниот раст на минималната плата на реални економски основи, се отвори спиралата на севкупен раст на платите Ако се анализира структурата на плати, ќе се увуди дека над 300.000 вработени во реалниот сектор денес добиваат плата повисока од 18.000 денари. Просечната плата во ноември 2019 е зголемена за 5.1 отсто во однос на истиот месец 2018 година, а минималната плата денес изнесува 14.500 денари и е за 60 отсто повисока отколку во 2017 година кога изнесуваше 9.000 денари. Покрај минималната плата, создадовме услови за раст и на останатите плати. Околу 114.000 вработени добиваат повисоки плати преку мерката за субвенционирање на придонесите од страна на државата на оние компании кои ја зголемуваат платата на своите вработени до 6.000 денари, велат од партијата.

Додаваат дека со зголемувањето на платите во образованието и здравството ќе следува уште поинтензивен раст на просечната плата.

- Преку чесни, одговорни политики покажавме дека вложувањето во човечкиот капитал е вистинскиот пат. Продолжуваме со мерките што обезбедуваат раст на платите и повисок животен стандард за сите граѓани, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега