Реакциите на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски во врска со скандалот со семејната фирма која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра се обид за бегање од одговорност, оценија денеска од опозициската СДСМ.

Според партијата, одбраната на Томовски е полна со контрадикторности, бидејќи тој ги потврдува семејните релации и личните податоци поврзани со фирмата, но ја негира деловната поврзаност.

„Што вели Томовски сублимирано во една речница: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата. Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од опозицијата додаваат дека ова однесување наликува на „човек што сака да побегне од сопствената сенка“ и порачуваат дека работата не е завршена.

Exit mobile version