Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат.

Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги – само вистина, велат од СДСМ.

Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро.

Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника.

Но народот не живее од статистички извештаи.

Народот живее од тоа што го гледа во продавницата, што го плаќа на каса и што му останува во паричникот.

Не можете да го убедите народот дека има пари кога паричниците им се празни.

Не можете да наполните стомак со бројки.

Не можете да наполните фрижидери со зборови.

Не можете да убедите сиромашен народ преку лаги дека е богат.

Кога потрошувачката кошничка за само две години поскапе за околу 10.000 денари, кога горивото е поскапено, кога на први во месецот граѓаните ги гледаат своите сметки и кога одат во продавница и ги гледаат цените – тогаш не помагаат никакви статистички споредби со соседите.

Минималната плата не е зголемена. Не можете да имате 600 евра, кога имате 400.

Не можете да кажете дека сме „трета економија во Европа“ и дека водечките земји од ЕУ ќе банкротираат, додека нашите граѓани стојат со часови на граница за да излезат од земјата.

Одморите и летувањата ги плаќаат на рати и на кредити.

Мицкоски и неговата криминална група не знаат кои се цените.

Кога носите часовник од 60.000 евра, гардероба од 10.000 евра, чевли од 2.000 евра и се возите со приватен (државен) авион на море, не чекате на граница затоа што имате бугарско државјанство и европски пасош – вие не ги знаете основните потреби на граѓаните и не знаете колку тешко се живее во Македонија.

Народот ја чувствува кризата секој ден. И никаква пропаганда, никакви бројки и никакви спинови не можат да ја сокријат таа реалност од луѓето кои ја живеат.

Народот го мачи сиромаштијата, а Мицкоски го мачи тоа што бројките не можат да ја сокријат маката што ја живее народот.

Народот ќе победи. Европска, а не изолирана Македонија, додаваат од СДСМ.

Exit mobile version