СДСМ бара блокадите во Скопје целосно да бидат прекинати

СДСМ бара блокадите во Скопје целосно да бидат прекинати. Вината за истите ја гледаат кај лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им го загорчуваат животот на граѓаните. Делумно повлекување на блокадата во главниот град не значи и решение за колапсот на јавниот превоз во Скопје кој го создаде неспособната ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Градоначалничката, претседателот на Светот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, во Белиот дворец наместо да играат игри, наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за колапсот на сообраќајот во Скопје.

Доста беше изживување врз граѓаните, поради неспособноста на Мицкоски и ДПМНЕ и нивните меѓусебни кавги и пресметки за тендери и провизии“, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.

 

09.12.2022 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега