СДСМ: Апасиев го држи Мицкоски во заложништво – сакаат да нѐ вратат во изолација

Левица, со својот опасен популизам, антиНАТО и антиЕУ реторика станува се посилен фактор за загрозување на европскиот пат и напредокот на државта, обвинува владејачката СДСМ.

Според партијата, опасност за иднината на државата е што претседателот на Левица, Димитар Апасиев во заложништво го држел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Левица, која израсна од движења за социјална правда и еднаквост, во борба за гласови, комплетно го смени правецот и стана опасна десница, која на граѓаните се обидува да им продаде евтин популизам. Опасноста за иднината на сегашните и идните генерации е што Апасиев во целосно заложништво го зема Мицкоски, кој се докажа како слаб политичар без став и визија и идеолошки обезличеното ВМРО-ДПМНЕ. Пироманите од Левица, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво сакаат државата да ја вратат во неизвеснот и изолација, со внатрешни поделби на граѓаните, се вели во дописот.

 

04.12.2022 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега