СДСМ: 2023 ќе биде година за економска пресвртница

Економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели. Оваа порака ја испраќаат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.
 
„Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Тоа е многу повеќе од проекцијата на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Според проекцијата на Народната банка оваа година ќе ја завршиме со раст од над 2 проценти
 
СДСМ во првите десет месеци од годината цврсто се борше против кризата, а наредната година, со новиот Буџет започнува пресвртница, нова офанзива, со која кризата конечно ќе биде победена, ќе почне економски раст и зголемување на животниот стандард.
 
Пресвтницата ќе ја обезбедиме со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа“, уверуваат од партијата.
 

 

Наредната 2023 година ќе биде година на нова надеж, година за економска пресвртница, се додава во соопштението на СДСМ.
26.11.2022 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега