Опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ се обединија против спроведувањето на реформите во државата, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
На денешната прес-конференција тој истакна дека Владата досега самостојно исполнила девет од вкупно десет предвидени реформски закони.
Според Манасиевски, опозициските партии сносaт директна одговорност за неисполнувањето на десеттиот закон од пакетот.
Портпаролот на владеачката партија ги изнесе сите детали за политичката блокада на реформскиот процес:
„СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите. Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото на СДС, Левица и ДУИ. Тоа е нивниот политички модел, кога државата треба да оди напред тие прават се за тоа да биде обратно. СДС, Левица и ДУИ се заедно само кога треба да се запре некој процес кој е од интерес за државата, а и за самите политички партии. Оваа блокада е само поради создавање на алиби за поразот на следните избори и виктимизација. Приказната која се обидуваат вештачки да ја наметнат не им поминува, бидејќи досега сме лидер во регионот по исполнување на закони од Реформската агенда, а лидери сме и по повлечените финансиски средства од Планот за раст. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да испорачува, а СДС, Левица и ДУИ ќе блокираат кога ќе имаат таква возможност.“
Тој порача дека Македонија и понатаму останува лидер во регионот според стапката на реализација на законите од европската Реформска агенда.
Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека земјава користи најмногу финансиски средства достапни преку Планот за раст на Европската Унија.


