СЦ „Борис Трајковски“ нема да работи во наредните 14 дена

Спортскиот центар „Борис Трајковски” нема да работи во наредните 14 дена.

Во соопштението на СЦ „Борис Трајковски”, се вели дека оваа одлука е донесена согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство.

– Се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, дека од 11.03.2020 , па во наредните 14 дена, нема да работи. Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат без публика, информираат од СЦ “Борис Трајковски”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега