Савовски: Боки 13 одлично „се држи“ во притвор и ги следи сите вести за него

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро и од тоа што очекувавме, вели за „360 степени“ адвокатот Димитар Савовски, кој е дел од одбраната на Боки 13. Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

Боки 13 е информиран за сите вести поврзани со него и случајот „Рекет“ кои се во фокусот на медиумите. Според неговиот адвокат, апсолутна невистина се написите во српските медиуми дека Боки 13 испратил порака дека “ако нешто му се случи во затвор, доказите против Зоран Заев се кај неговата мајка”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега