Саудиската принцеза осудена во Франција: Злоставувала работник и го терала да и ги бакнува стапалата

Ќерката на кралот на Саудиска Арабија , Хаса бинти Салман се соочува со условна казна затвор од 10 месеци , реши францускиот суд.

Принцезата злоставувала работник во нејзиниот луксузен стан во Париз во 2016. Нејзиниот адвокат најави жалба и рече дека наводите на работникот Ашраф Еид се лажни.

Според првичното обвинение, Ашраф Еид и рекол на полицијата дека телохранителот на принцезата му ги врзал рацете, го удирал и го принудил да и ги бакнува стопалата на принцезата, откако таа го обвинила дека ја снимил со мобилен телефон.

Тој им кажал на истражителите дека неговиот мобилен телефон бил присилно одземен и дека откако бил претепан, принцезата Хаса му се обратила како да е куче, велејќи: „Ќе видиш како се разговара со принцеза“.

Бранителот на принцезата Емануел Мојн ги оспори наодите на судот.

„Немаше кражба и, згора на тоа, насилство. Сите откритија, медицински досиеја на истражителот, покажуваат дека обвиненијата на Еид биле фабрикувани“, рече Моин.

Принцезата (43), сестра на престолонаследникот Мохамед бин Салман, упорно негираше каква било злоупотреба преку неговите адвокати. Таа не излезе пред судот за да ја слушне пресудата.

Засега не е познато дали пресудата ќе ги комплицира односите меѓу Париз и Ријад.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега