Долги колони автомобили и луѓе се забележуваат деновиве пред дискретната, необележана продавница во дипломатскиот кварт на Ријад. Причината е тивката одлука на саудиските власти да го прошират кругот на луѓе кои можат легално да купат алкохол во кралството.

Иако немаше официјална најава од властите, веста молскавично се прошири меѓу иселениците. Сега, покрај дипломатите, пристап до алкохол добија и имотните странски резиденти.

Станува збор за немуслимански странци кои поседуваат дозвола за т.н. „премиум престој“. Овој статус е резервиран за инвеститори, претприемачи и лица со специјализирани вештини, што се толкува како директен обид за привлекување на странски капитал.

Ова е значаен чекор во либерализацијата на земјата која го забрани алкохолот уште во почетокот на 1950-тите. Продавницата беше првично отворена во јануари 2024 година, но досега беше достапна исклучиво за дипломатскиот кор.

Exit mobile version