Сатенски фустан и шлиц до колкот- Мишел Обама сподели фотографија од матура

На Инстаграм се појави нов предизвик и многу славни личности се возбудени поради тоа. Токму поради таа причина Мишел Обама објави фотографија од својата матурска вечер од 80-те во склоп на #PromChallenge, а на многумина им е интересен нејзиниот фустан, нејзината коса и модните додатоци.

„Се враќам во времето на матурската вечер од 1982 година и овој розеникав сатенски фустан“, напиша Обама, но и ги повикала учениците да учествуваат во овој предизвик и на тој начин да освојат бесплатна матура за своето училиште.

Предизвикот е иницијатива на компанијата „Кога сите гласаме“ и MTV, а направена е за да се прослават и препознаат 20 средни училишта ширум земјата интегрирајќи ја регистрацијата на избирачи во своите училишта на најкреативен и највпечатлив начин. Постови како овој на Обама, со знакот #PromChallenge, помагаат за подигнување на свеста за ова национално натпреварување и се надеваме дека ќе ги поттикнат средните училишта од секаде ширум земјата да споделуваат и да ги пријават своите напори во регистрацијата на избирачи.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега