Денеска во Фонд за здравствено осигурување на Македонија се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство. На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Ljubisha Karanfilovski од Самостоен синдикат за здравство и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостоен синдикат на Клинички центар разговаравме за моделите на зголемување на платите во јавното здравство. Во следниот период ќе се прават финансикси анализи, врз основа на кои ќе продолжи дијалогот, информираше на социјалната мрежа ФБ, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.


На средбата се потсетивме за потребите утврдување на репрезентативност на синдикатите во здравство, нов колективен договор за здравство, справување со тужби на вработени против јавните здравствени установи и негативните последици, дополни Клековски.

Exit mobile version