Саше Политико и сопругата се бркале со ножеви - полицијата истражува

Саше Ивановски, познат како Саше Политико и неговата сопруга (М.Л.И) пред два дена направиле повици кон 192.

И двата сопружника тврделе дека другиот сопружник се обидува да ги убие со нож.

Околу 11 часот пред полноќ на 16.01, Ивановски ја известил полицијата дека неговата сопруга го нападнала со нож.

Три часа подоцна неговата сопруга пријавила дека новинарот ја нападнал со нож.

Овој настан се најде денес и во полицискиот билтен, а од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Нема информации дали некој од двајцата сопружници е повреден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега