„Саше, кај си Саше“ - мајка беспомошно го барала синот во автобусот

Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече „не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобус.

Вака раскажува татко на едно од повредените момчиња во трагедијата вечерва, за 24вести.

За разлика од него, многу гостиварци кои дојода на местото на несреќата не ги најдоа своите најблиски. 

„Саше, кај си Саше“, низ плач го бараше својот син една жена, која потоа се спушти по стрмниот дел кон стариот пат, пренесе 24вести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2019 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега