Саша Поповиќ и Лепа Брена го продадоа „Гранд“

Саша Поповиќ и Лепа Брена, заедно со сопругот на Брена, Слободан Живоиновиќ, го продадоа уделот од 49 проценти од „Гранд продукција“ на компанијата „Јунајтед медија“ која во 2014 година веќе откупи 51 процент од пакетот акција, дознава „Курир .рс“

Така тие двајца заработија вкупно 15 милиони евра, колку го инкасираа и пред пет години!

Целокупната трансакција од купопродажбата ќе биде завршена до крајот на оваа година, што значи дека од 2020 година во Агенцијата за стопански регистри името на основачот и ковласникот на „Гранд продукција“ ќе биде избришано.

Значи, со проста пресметка е заклучено дека Поповиќ и Брена и овој пат ќе добијат 15 милиони евра за продажбата на преостанатиот дел од „Гранд“.

Уделот на Саша во сопственичката структура изнесуваше 24 проценти, па затоа на него ќе му припаднат 7.350.000 евра, додека пејачката поседувала 25 проценти и таа ќе биде побогата за 7.650.000 долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега