Саша Поповиќ е пензионер, а сега откриено колкава пензија зима

Како што пишува српскиот портал „Блиц“, Саша Поповиќ  од 1 ноември официјално е пензионер.

Директорот на „Гранд продукција“ во април наполни 65 години што значи дека по законот немал никави препреки да поднесе барање за пензија.

Одговорот од надлежните пристигнал пред неколку дена, а во него пишува дека Поповиќ ги исполнува сите услови за пензија.

Како што тврдат блиски пријатели на директорот, тој нема намера да се повлече и да оди во пензија.

– Не знаеме колку точно има стаж, претпоставуваме дека е повеќе од 35 години. Таа пензија во материјална смисла не му значи ништо бидејќи  финасиски е обезбеден“,  вели изворот.

Не е познато колку Поповиќ ќе зема пензија, но се претпоставува дека ќе биде пристојна сума.

– По правилата и законите, оние кои работеле на директорски позиции, пензија примаат од 80 000 (41.900 денари) до преку 100 000 (52.400 денари) месечно, но јас не знам колку ќе изнесува пензијата на Поповиќ. Тоа зависи од неговиот работен стаж, како и на кој начин ги плаќал придонесите пред да го формира „Гранд“ , вели соговорникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега