Сараевски медиуми: Будимир помилувал осудени убијци за пари

Меѓу осудениците кои за одреден паричен надомест ги помилувал претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир, има и педесетина затвореници, осудени за убиства, објавија сараевските медиуми, повикувајќи се обвинениот акт.

Будимир и ште четворица негови соработници и помошници, беа уапсен на 27 април оваа година, под обвинение за помиливање на лица кои ги издржуваат затворските казни за пари.

Според медиумите во Сараево, меѓу ослободените се наоѓа и извесен Милорад Станиќ, кој е осуден за воени злосторства, затоа што во август 1992 година ладнокрвно убил човек само затоа што бил Бошњак.

Сараевските медиуми тврдат дека Будимир од оваа корупциска афера не сакал да има само материјална полза, туку платените помилувања требало да му обезбедат и „заштита за во иднина“.

најчитано сега