Сараевски имунолог: Ќе се вакцинирам во друга земја, нема да чекам да се заразам овде

Дека сите кои се во можност ќе отидат во Хрватска или некоја друга земја и таму да се вакцинираат протиув коронавирус, за „Аваз“ потврди проф. д-р Јасенко Карамехиќ. имунолог. Тој не сака да чека неговото семејство да почине од последица на коронавирусот.

„Ќе бидам првиот што ќе се вакцинира штом ќе се укаже можност на тоа. Чекајќи нашата држава нешто да направи, од тоа нема ништо. Чекавме една година и се уште ништо не е решено. Секако, сите кои ќе можат нека отидат во друга земја и да се вакцинираат и на тој начин ќе го спасат својот живот, но и животот на многу други“, вели докторот Карамехиќ.

Наведува дека само вакцината може да ја спречи пандемијата и истакнува дека моменталната стапка на смртност од коронавирус во БиХ е 40 отсто на милион жители, што е многу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега