Санкционирани 232 возачи поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден при засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, се санкционирани 232 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

07.07.2022 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега