Сања е најзгодната фудбалска портпаролка: Толку е секси, што има двојно повеќе следбеници од клубот за кој работи

Додека навивачите на Војводина со нетрпение го чекаат почетокот на новата фудбалска сезона во српската фудбалска Суперлигата, нивната портпаролка Сања Кружевиќ привлекува се’ поголемо внимание.

Популарната Беба го привлече вниманието на јавноста за време на една од прес конференцијата минатата сезона, кога тренерот на „Војводина“, Ненад Лалатовиќ, не ги тргна очите од бујното деколте на убавата Сања.

Оваа девојка стана позната поради прес-конференциите на ФК Војводина, за време на кои мал број луѓе го погледнаа Ненад Лалатовиќ, тренерот на српскиот прволигаш од Нови Сад. Потоа таа беше отстранета,  но се крена толкава врева, што едноставно клубот мораше да ја врати на позицијата портпарол.

На нејзиниот провокативен секси изглед не можел да одолее ни легендарниот италијански пејач  Ерос Рамацоти, кој се однесувал слично како и тренерот на клубот за кој Беба работи, а бројни европски медиуми пишуваа за таа случка и волшебниот изглед на заводливата Србинка.

За време на фудбалската пауза, таа го привлече вниманието на социјалните мрежи со објавувања фотографии во бикини или тренинг-изданија, а по секоја нејзина нова објава се редат бројните коментари и комплименти што ги добива.

Интересно е и тоа што Беба има двојно повеќе следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, отколку клубот во кој работи. Така, 27,8 илјади луѓе ја следат на оваа мрежа, додека  клубот има 10,7 илјади.

Нејзиниот Инстаграм профил изобилува  со фотографии во костим за капење, каде што доаѓа до израз нејзината беспрекорна фигура, а има и такви во ноќница што ги излудуваат претставниците на посилниот пол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега