Санирани штетите од невремето, Шилегов до екипите кои работеа до утринските часови: „Се гордеам со Вас, добри луѓе“

До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој цела вечер на својот Фејсбук профил известуваше за санирањето на штетите, утринава изрази благодарност до службите на градот.

– Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе!!!, напиша Шилегов.

Најпогодена беше општина Карпош каде имаше откорнато дрва и кровни конструкции на неколку згради. На терен беше и градоначалникот Стефан Богоев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега