Саниран дефект на улица „Борис Трајковски“

Дефектот на улица „Борис Трајковски“, кој предизвика прекин на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и околните места е саниран, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

-Отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16:45 часот, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране кои се снабдуваат со вода преку резервоари, висока зона, се нормализира по 18 часот. Овој тип на дефекти, се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикува прекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал, е наведено во соопштението од претпријатието.

20.05.2022 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега