Сандра од Панчево е страв и трепет во цело село - мештаните се жалат дека ги тероризира, сосетка претепана

Триесетгодишната Сандра А. е приведена откако на 10. април ја нападнала и повредила Маријана Миленковиќ пред продавница, а оваа девојка не е нејзина единствена жртва.

Сандра А. од Страчево кај Панчево е уапсена завчера поради сомнение дека извршила кривично дело загрозување на сигурност.

Имено, таа неодамна ја претепала својата сосетка Мирјана Миленквиќ и ѝ ги скршила носот и забите, после што била уапсена, а жителите на Страчево одлучиле да кажат дека долго време трпат терор од оваа жена.

-Се се случи на 10. април. Истоварав роба со таткот ми пред својата продавница, а Сандра нешто викаше. Ѝ се обратив за малку да биде потивка, но таа почна да ме удира од зад грб неколку пати и ми ги скрши носот и забите - вели за Курир.рс Маријана Миленковиќ и додава дека истиот ден Сандра нападнала и му удрила шлаканици на некое дете во училиште, а влетала и во амбуланта со нож и се заканувала.

-Направи пекол овде во центарот откако се досели. Луѓето се плашат да реагираат, неверојатно е што таква жена слободно шета - рекла Курир.рс бесната девојка.

Ито така додала дека Сандра живее во трошна куќа, без електрична енергија и дека се јавувале во Центарот за социјална работа, од каде им било кажано дека „таа е добра мајка и дека се е во ред“.

-Пред една година ја нападна мојата мајка додека земала од нашата продавница што ѝ требало и секако не платила - објаснила Миленковиќ.

Во продавницата од Страчево се потпишува петиција за оваа жена да се отсели од ова место.

На осомничената ѝ е одредено задржување од 48 часа и со таа кривична пријава ќе биде изнесена пред обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега