Сандерс убедливо прв кај демократите

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, убедливо води на национално ниво пред останатите претенденти за претседателски кандидат од демократите, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Ен-пи-ар”, „Пи-би-ес њус аур” и „Марист”.

Сандерс води со 31 отсто поддршка на национално ниво, што е за девет проценти повеќе во споредба со со декември. По него, со многу помала поддршка од 19 проценти е Мајкл Блумберг, поранешниот градоначалник на Њујорк и милијардер.

Блумберг изби на оваа позиција иако не учествуваше на досегашните дебати и прелиминарни демократски избори, но неговиот лик стана познат откако неговата кампања во изминатиот период ги бомбардираше американските гледачи со ТВ реклами. Досега само за реклами Блумберг потроши над 300 милиони долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега