Самоиловска – Цветанова: Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликувале реалноста, да снимаме филм за Боки 13 и Ката

Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет, вели екс министерката за култура Ганка Самоиловска – Цветанова. 

Таа ова го напиша на својот Твитер профил по повод коментарите за македонскиот документарец „Медена Земја“, кој е номиниран во две категории за Оскар. 

„Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликувале МК реалност. Така е. Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет. Па за „Рекет 2“, „Рекет 3“. За аболициран премиер кој една година си прави муабет со лажен Порошенко. Пореално здравје“, порача Цветанова.

„Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, има дури две номинации за Оскар. Филмот е во трката за најпрестижната филмска награда на светот и тоа во категориите најдобар странски филм и најдобар документарен филм, а актерката Атиџе го доби епитетот „меден херој“. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега