Само во Скопје за едно деноноќие регистрирани 627 новозаразени со Ковид 19

Во последните 24 часа се регистрирани 1 406 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.398 тестирања, починале 21 лице, а оздравеле 937 пацинети, информираше вечерва Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи повторно има во главниот град, каде  се регистрирани 627 заразени, по што следат Прилеп со 98,  Гостивар, 84, Куманово, 73, Тетово, 72,  Охрид 57, Велес, 55, Битола 51, Кавадарци 40 Штип 37, Кочани 34, Струмица 30, Виница 20, Струга 17, Ресен 13, Гевгелија, Свети Николе и Неготино по 11,  Крива Паланка и Кичево по 10,  Радовиш,9,, Крушево и Валандово по 8, Делчево 6, Пробиштип 4, Демир Хисар, Македонски Брод, Берово и Кратово по 2, а Дебар и Пехчево по еден случај,

 Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50 015, бројката на оздравени пациенти е 29 583, на починати е 1 397, а бројот на активни случаи изнесува 19035.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа