ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р. (25) од струшката населба Тефериќ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ“.

Според пријавата, тој во Отсекот за управни работи лажно пријавил дека ја изгубил возачката дозвола, иако во тој период имал активна забрана за управување со моторно возило. Притоа, поднел и барање за издавање нова возачка дозвола.

Exit mobile version