Само со билет ќе може да се присуствува на мисата на Папата во Скопје

Папата во Македонија не доаѓа само за католиците, велат од Католичката црква во пресрет на посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој на 7 мај ќе ја посети земјава.

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на светата литургија ќе мора да се регистрираат и да добијат билет. Билетите се делат бесплатно и ќе им бидат дадени на сите граѓаните кои ќе се регистрираат.

 

-Папата доаѓа не само за католиците, туку и за сите со добра волја кои сакаат заедно да чекориме напред. Очекуваме Папата да биде пречекан во атмосфера на радост и да испрати пораки на охрабрување и на соживот. Ова е за целата земја еден голем благослов,  вели отец Гоце Костов, јавува Фокус.

Според агендата, се очекува Папата да пристигне во 08.15 часот утрината на 7 мај. Во Претседателската палата ќе се одржи церемонија за добредојде, по што ќе следи средба со претседателот и со премиер на државата, а потоа со државниот врв, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега