Само сакам да си одам дома: Камен пијан во 3 часот наутро шетал пеш по автопат

Кога околу 3 часот наутро ќе ве најдат сам пеш на автопат, тогаш и самите, но и сите други знаат дека нешто не било во ред со вас. Кога ќе дувнете 1,6 промили алкохол во дрегерот, тогаш станува јасно дека за се е виновен алкохолот.
Ваква приказна раскажуваат хрватските медиуми за еден 56 годишен Хрват кој минатата ноќ околу 3 часот наутро германската полиција го затекнала пеш на автопат во Баварија.
Го прашале, што прави во ниедно време на среде автопат, сам, без автомобил, пеш.
„Сакам само да си одам дома. Има ли тука некаде железничка станица“ – ги прашал Хрватот полицајците .
Како се нашол на автопат никој не знае. Сите велат, среќа е што не настрадал.

 

 

 

13.11.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега