Само неколку дена откако беше асфалтирана, улицата „Васил Ѓоргов“ повторно раскопана

Само неколку дена откако заврши комплетната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во центарот на Скопје, таа повторно е раскопана. Ова наиде на остри критики на социјалните мрежи од страна на граѓаните.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов неколку пати претходно ветуваше дека кога некоја улица ќе биде реконструирана нема да има потреба повторно да се работи на неа и до 20 години.

Во овој случај веројатно станува збор за подземна инсталација. Но, и за тоа Шилегов вети дека пред асфалтирање, сите компании ќе бидат известени дека треба да постават подземни инсталации.

Е ова се цареви. Инаку улицата беше асфалтирана пред 5-6 дена. Тоооо Цареви. Браво. Ваков идиотизам нема нигде на планетата. Ќе одговара ли никој за ова?!

Posted by Skopje Скопска on Thursday, 5 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа