Само на овој начин можете да бидете сигурни од гром: Се најавува невреме, следете ги овие правила за заштита

 

Беснееше силно невреме и во Скопје и низ цела Македонија, а се најавува ново за утре.

Дали знаете што треба да направите во случај на невреме ако сте на отворено?

Опасноста од удар на гром може да се избегне ако се придржувате до неколку основни правила:

1. Пред да се замине на планина или на отворен простор во природа мора да сте информирани за времеските услови со цел да се избегне невреме.

2. Невремето во планините најчесто е во летните месеци, попладне и во вечерните часови.

3. Невремето е поврзано со кумулунимбусните облаци

4. Ако ви се заканува невреме, побарајте засолништа од тврда градба

5. Ако сте во затворен простор избегнувајте да стоите во близина на прозор, отворена врата и метални предмети

6. Корисно е правилото 30+30, кога ќе видите молња и можете да изброите до 30 секунди додека да слушнете грмотевици. Најмалку 30 минути од последната видена молња или гром не смеете да го напуштите засолништето

7. Големите пештери се добра заштита, но не и малите или мали дупки и влажни карпи

8. Секој проводник на електрична струја што е над рамењата ја зголемува опасноста од директен удар

9. Мобилни телефони не ги користете

10. Не застанувајте во поголема група на луѓе, туку разделете се, за во случај на удар на молња истата за погоди што помалку луѓе

11. Избегнувајте засолнување под дрвја

12. Избегнувајте да носите метални предмети

13. Избегнувајте простор во близина на далноводи и столбови од жичари

14. Молњата може да биде и 15 километри пред неврмето, се движи хоризонтално и може да удри од ведро небо

15. На крајот од невремето молњите се подеднакво опасни како и на почетокот.

16. Оддалечете се од карпи и врвови

17. Шатор не е заштита од гром

18. На отворен простор барајте ги најниските места

19. Ако сте на отворен простор, седнете и соберете ги нозете со рацете околу колената, ако можете под вас ставете изолационен материјал како што се јаже, јакна и слично, немојте да лежете испружени на земја

20. Ако осетите пецкање или подигање на косата, станува збор за електрична активност и морате да го напуштите тоа подрачје

21. Клекнете на колена или седнете со прекрстени нозе. Основната логика на оваа положба е да се намали телесната висина и што мала површина на телото да допира на површината. Со рацете покријте ги ушите со цел да се спречи повреда на ушното тапанче.

22. Опасно е да се допира лице кое било погодено од гром

23. Гром не удира два пати на исто место

24. Гром секогаш удира во највисокиот објект.

 

 

 

13.06.2018 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега