Само 15 земји во Европа направиле помалку тестови за корона од Македонија

Само 15 земји во Европа имаат направено помалку тестови за корона вирусот од Македонија, покажува статистиката на worldometer.

Од нешто помалку од 50 земји кои се мерат земјава е некаде на средина од втората половина.

Меѓу овие 15 земји некои и не се ни организирани како држави како што е Монако или Ватикан.

Сите развиени европски земји не се оваа листа.

На врвот се Фарските Острови кои според статистиката имаат тестирано близу 10% од вкупното население што и не е така тешка задача особено ако се знае дека дека државата има нешто под 50.000 жители.

Исланд тестирал околу 7% од жителите или 69.000 тестови на милион жители.

Од поголемите држави Норвешка има тестирано околу 2% од вкупното население, а тука некаде се и Швајцарија, Австрија и Словенија.

Лидер во светот по направени тестови е САД со 1.5 милиони тестирања што е доволно да покрие нешто под половина процент од целото население.

Во Германија се направени нешто под 1 милион тестови а тестирани се 1% од вкупната популација во земјата.

Во Македонија направени се нешто под 5.000 тестови и опфатени се само 0.2% од населението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега