Самка Ибраимовски: Не успеав да ве спасам од ропството на извршителите

На Самка Ибраимовски од ПЦЕР, иако упорно го туркаше, не му успеа народните избраници пред распуштањето да ги изгласаат измените на Законот за облигациони односи, чии предлагач беше токму тој. 

Со овој закон требаше да се утврди застареност на долговите на граѓаните за 10 години од денот на нивната извршност. Односно, идејата беше граѓаните кои имаат проблеми со извршители, да се спасат од нив.

Пратеникот Ибраимовски на својот фејсбук профил напиша дека му е жал што законот не поминал до распуштањето на Собранието, поради другите поургентни закони.

Но, тој не се откажува од овој закон. 

„Почитувани социјално загрозени граѓани, сиромашни граѓани, почитувани сите вие! За жал неуспеав законот што го предложив за облигациони односи во делот на застарувањето на долговите да се изгласа поради други закони кои беа на дневен ред пред распуштање на Собранието. Сепак, со ваша поддршка на изборите на 12-ти април, прво што ќе направам, е тоа да овој предлог закон повторно го предложам и да се изгласа, за вие почитувани граѓани да се спасите од ропството на извршителите - крвопијци и секако вашите сметки да не бидат повеќе блокирани. Ви благодарам за вашата поддршка во овој мој пратенички мандат. Вашиот социјален пратеник“, напиша Ибраимовски на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега