Салвета од „Курсаџии“ на 52. години роди ќерка - денес има голема причина за славење

Лилјана Јакшиќ, која македонската публика најдобро ја знае преку улогата на Салвета од „Курсаџии“ се породила на денешен ден пред шест години и првпат станала мајка на девојчето Дарија.
Актерката со години се трудела да се оствари во улогата на мајка, а оваа желба ѝ се исполнила на 52. години.
„Еве, штотуку ми капнаа неколку солзи радосници, затоа што на денешен ден попладне, пред шест години, ја родив мојата мала Дарија. Емоции, сеќавања, збрка во душата и во главата ме обземаа што застанав на момент, а тој момент трае и никако да се покренам. Веројатно не сакам да излезам од моментот на целосна среќа која е денес реткост. Денеска и утре славиме во градинка, со хорот, на англиски, во игротека, соседите и во душата до крајот на животот“, рекла актерката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега