Сали: Ако партијата побара, ќе се повлечам од министерската функција

Министерот за здравство Беким Сали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека е подготвен да си замине од министерската функција, доколку партијата го побара тоа од него.

Тој вели дека за разлика од другите партии, во Алтернатива нема фиксни места.

„Мојата позиција како министер не треба да биде дискутабилна. Подготвен сум да заминам заради партиските интереси. Менувањето на имињата е нормално. За разлика од другите партии, ние не инсистираме човек нужно да има работа овде или таму“, рече Сали.

02.02.2023 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега