Сакале да купат земја па спремиле 20.000 евра - влегла козата Белка, незапаметен настан

Веста за козата Белка од Србија стана вистински хит во регионот, а сите се во шок по тоа што таа го направила.

Имено, како што пишува локалниот портал aranđelovacinfo.rs во куќата на семејството Симиќ од Србија се случил незапаметен настан кога козата белка изела 20.000 евра кои семејството ги спремало за да купат 10 хектари земја.

Угледното семејство сакало да си го прошири бизнисот и работата, но козата огладнела, дошла до парите и ги изела.

- Станавме рано, требаше да дојде човекот од кого ќе ја купевме земјата, да потпишеме договор. Мојот свекор забележа дека не ја затворил влезната врата кога отиде да ја нарани стоката. Белка која ја имаме неколку години влегла дома и почнала да јаде од парите, велат од семејството.

- немам ни коза н пари, вели сопругата од семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2018 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега