Сакал да почине во својот кревет и во друштво на неговата Лилибет - кралицата Елизабета до самиот крај била со принцот Филип

Британската кралица Елизабета била до самиот крај со својот сакан сопруг принцот Филип со кој била во брак 73 години.

Војводата од Единбург почина вчера мирно во замокот Виндзор во својата одаја, а кралицата го држела за рака до самиот крај.

Иако вработените во Бакингемската палата одбиле да даваат премногу податоци за здравствената сџостојба на принцот Филип и точни причини за неговата смрт, она што се знае е дека состојбата на принцот нагло се влошила во средата вечерта.

Принцот Филип наводно самиот барал да не биде однесен во болница туку да почине во својот кревет, под свои услови и во друштво на својата „Лилибет“, пренесуваат британските медиуми.

Неговата сопруга таа желба ја испочитувала.

Медиумите пренесуваат дека принцот Филип наводно починал од инфекција и срцева слабост, но дека пред смртта не се мачел. Принцот Филип поминал во болница 4 недели после операцијата на срцето. Иако зафатот го исцрпел тој цело време инсистирал да се врати дома после операцијата..

Елизабета иВтора и принцот Филип, инаку грчки принц, со германско-данско потекло, биле во брак 73 години. Се запознале кога кралицата имала 13 години, а се венчале кога таа наполнила 21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2021 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа