„Сакаа да ме задават, а потоа ме одвлекоа“ - Србинката која беше киднапирана во Италија раскажа се на полицијата

Полицајците киднапираната Србинка ја пронашле во црн „фолксваген“, везана со кабли и конопи.

-Се обидоа да ме задават, ме зграбија за врат и ме одвлекоа до комбето“, раскажала за полицајците 35-годишната Србинка која беше киднапирана од тројца Германци во центарот на Торино.

Филмското киднапирање со црно комбе и маскирани киднапери се случило во средата претпладне на плоштадот Сан Карло пред бројни сведоци, а жртвата била спасена набрзо откако минувачите алармирале до полицијата да побрза по комбето.

Полицајците ја пронашле во црно комбе, а со неа биле тројца киднапери кои биле уапсени додека се обидувале да се притаат на блискиот приватен паркинг.

Кај 35-годишната жена биле пронајдени 2.700 евра, што тамошните истражувачи го сметаат за исклучително сомнително, со оглед на тоа дека Србинката рекла дека во градот дошла туристички.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега