Сајкоски: Историјата не може да биде предмет на договор помеѓу две држави

 

Историјата не може да биде предмет на договор помеѓу две држави, напиша на својот фејсбук профил Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски пишува дека во неколку наврати апелирал за штетноста од Договорот за добрососедство, укажувал дека вакви договори имало, но тие се правеле на рамноправна основа. Денес имаме историска Комисија која повикувајќи се на Договорот од наша страна се труди на секој можен начин да го прекине континуитетот на постоење на македонскиот народ на овие простори.

„Затоа се бара момент во средновековието каде ќе може да се направи ваков преседан за да може да се негира целокупното постоење на македонскот народ. Ова е главна и основна цел на бугарската страна и не е нешто ново, туку со формирањето на бугарската држава главна задача е негирањето на македонскиот народ“, пишува Сајкоски.

Тој додада дека денес, ние како држава со штетноста на Договорот и работата на Комисијата ги доведовме во прашање суверенитето кој го добивме од народот. Бидејќи суверенитетот на државата е да ги регулира своите внатрешни работи како што се јазикот, националноста, образованието, учебниците.

Историјата не може да биде прашање за преговори меѓу две држави, од потписите на државите не зависи вистината за историјата.

Вистината за историјата ја граделе генерации наши претходници кои со својот живот со борбата за самостојност ја докажале нашата посебност, напиша Сајкоски.

18.08.2022 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега