Саити: Ветингот во судството може да се спроведе преку Антикорупциска комисија

Претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити, во вечерашното гостување во емисијата 360 степени рече дека ветингот треба добро да се осмисли и го спомена примерот со Албанија, каде после ветингот судскиот ситем речиси останал без судии и му е нарушено функционирањето.

-Постапката за ветингот треба да се смисли на вистински начин. Јас пред две години реков дека ни е потребна самоевалуација. Повикав сите органи да преземат дејства и активности околу имотните прашања поврзани со судиите. Се наоѓаме меѓу две зла: се согласувам дека не треба да бидат судии оние кои имаа имотни сосотојби кои се необјасниви. Но, се поставува прашањето дали поради еден или двајца судии треба да страдаат сите судии. Имате Антикорупциска, може многу лесно да се провери имотната состјба и имате Судски совет. Кое би било нивото на доверба и кој би го спровел ветингот. Советите од меѓунардоните експерти се дека преку Антикорупциска може да се спроведе проверката, вели Саити.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега