Системот „Safe City“ (Безбеден град) веќе ги дава првите сериозни резултати, оцени премиерот Мицкоски, сумирајќи ги резултатите за декември 2025 година. Според него, статистиката покажува драстично намалување на сообраќајните несреќи со фатални последици.
„Во Скопје, во декември 2024 година, животот го загубиле 5 лица. Оваа година (декември 2025), ниту едно лице. Тоа ни дава за право да бидеме задоволни,“ рече Мицкоски.
На годишно ниво, бројот на жртви во сообраќајот е намален од 142 во 2024 година на 131 лице во 2025 година.
„Луѓето возат повнимателно, не само во градовите каде што има ваков систем, туку и на автопатите. Не очекуваме системот да функционира брилијантно од 1 февруари без грешки, но како што ќе расте системот, така ќе ги нивелираме работите,“ заклучи премиерот.

